Последно ажурирање: март 2026
Nectar Bio Shop (nectar.mk) ја почитува вашата приватност и е посветен на заштита на вашите лични податоци. Оваа политика за приватност објаснува кои податоци ги собираме, зошто ги собираме, како ги користиме и кои се вашите права.
1. Кој е одговорен за вашите податоци?
Одговорен за обработката на личните податоци е Nectar, достапен на:
- Веб-страница: www.nectar.mk
- Адреса: Цветан Димов 216, Скопје 1000, Македонија
- Е-пошта: info@nectar.mk
- Телефон: +389 75 664 881
2. Какви податоци собираме?
Кога нарачувате преку нашата веб-страница, собираме следните лични податоци:
- Име и презиме
- Адреса за испорака
- Телефонски број
- Е-маил адреса
- IP адреса и податоци од колачиња (cookies)
3. Зошто ги собираме и користиме вашите податоци?
Вашите лични податоци ги користиме исклучиво за следните цели:
- Обработка и испорака на вашата нарачка
- Комуникација во врска со статусот на нарачката
- Подобрување на нашата веб-страница преку аналитика (Google Analytics)
- Исполнување на законски обврски
4. Со кого ги споделуваме вашите податоци?
Вашите податоци не ги продаваме и не ги споделуваме со трети страни, освен со следниве партнери кои се неопходни за извршување на услугата:
- Служба за испорака – за достава на нарачки, споделуваме само податоците неопходни за испорака (ime, адреса, телефон).
- Google Analytics – алатка за веб-аналитика која собира анонимизирани податоци за посети на нашата страница (IP адреса, посетени страници, времетраење на посетата). Повеќе информации: policies.google.com/privacy
5. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Вашите лични податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани, или онолку долго колку што бараат законските обврски. По истекот на тој период, податоците се бришат или анонимизираат. Доколку имате прашања за времето на чување на конкретни податоци, слободно контактирајте нè на info@nectar.mk.
6. Колачиња (Cookies)
Нашата веб-страница користи колачиња за да обезбеди правилно функционирање и за аналитички цели. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на вашиот уред. Користиме:
- Неопходни колачиња – за функционирање на количката и процесирање на нарачки
- Аналитички колачиња – Google Analytics за статистика на посети
Може да ги исклучите колачињата преку поставките на вашиот прелистувач, но тоа може да влијае на функционалноста на страницата.
7. Пренос на податоци надвор од Македонија
Вашите лични податоци се обработуваат и чуваат исклучиво на територијата на Република Македонија. Единствен исклучок е употребата на Google Analytics, чии сервери може да се наоѓаат надвор од Македонија, но обработката се врши во согласност со политиките за приватност на Google.
8. Вашите права
Имате право да:
- Побарате увид во личните податоци што ги чуваме за вас
- Побарате исправка на неточни податоци
- Побарате бришење на вашите податоци
- Се спротивставите на обработката на вашите податоци
- Побарате ограничување на обработката
За остварување на овие права, контактирајте нè на: info@nectar.mk
9. Безбедност на податоците
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на вашите лични податоци од неовластен пристап, промена, откривање или уништување. Нашата веб-страница е заштитена со SSL сертификат (HTTPS).
10. Промени на политиката за приватност
Оваа политика може да се менува со текот на времето. Секоја промена ќе биде objавена на оваа страница со нов датум на ажурирање. Препорачуваме редовно да ја проверувате.
11. Контакт
Доколку имате прашања или барања во врска со оваа политика за приватност, контактирајте нè:
• Е-пошта: info@nectar.mk
• Телефон: +389 75 664 881
• Адреса: Цветан Димов 216, Скопје 1000, Македонија