Јаболков оцет

400 ден

Нето: 500 мл
Потекло: Турција

Јаболков оцет има повеќекратна употреба, но и здравствени придобивки. Ви донесуваме интересен текст за сите добри страни на јаболков оцет кога станува збор за здравјето.

Ги смирува желудникот и цревата

Еден од најстарите начини да се користи јаболков оцет за здравје е да се смири иритираниот стомак. Кога имате проблеми со стомакот, доволно е да пиете малку оцет измешан со вода. Исто така, експертите во народната медицина велат дека е одличен во олеснување на дијарејата, особено ако е предизвикана од бактерија, затоа што има антибиотски својства. Бидејќи содржи пектин, ќе помогне и при цревни грчеви.
Прекинете го икањето
Кога имате напад на икање, земете една лажичка јаболков оцет. Неговата киселина на некој начин го поништува „испраќањето порака за икање“ преку тоа што ги стимулира нервите во грлото одговорни за грчеви.
Третира болки во грлото
Веднаш штом ќе почувствувате чувство на печење во грлото, посегнете кон јаболков оцет – тоа ќе ви помогне инфекцијата да помине побрзо. Измешајте 1/4 чаша јаболков оцет со еднаква количина топла вода и со тоа исплакнете го грлото на секој час. Имено, повеќето бактерии не можат да преживеат во киселата средина што ја создава оцет.

Ги спречува тегобите при варење

Ако знаете дека ќе изедете нешто што може да предизвика тегоби при варење, пред тоа искористите го народниот лек – додајте лажичка јаболков оцет и лажичка мед во чаша топла вода и пијте половина час пред јадење.
Помага при затнат носоц
Јаболковиот оцет содржи калиум кој ја разредува слузта, а тоа ќе ви помогне да дишете кога имате настинка и носот ви е блокиран. Киселината од оцетот исто така го спречува растот на микробите кои се одговорни за затнат нос. Измешајте лажичка оцет во чаша вода и пијте.

Одлично за слабеење

Причината за тоа е што киселината од јаболков оцет го потиснува апетитот, го забрзува метаболизмот и го намалува задржувањето на водата во организмот. Научниците имаат теорија дека тоа го нарушува варењето на скроб во организмот, што резултира со помалку калории да влезат во крвотокот.

Отстранува првут
Д-р Мехмет Оз препорачува употреба на овој оцет како третман против првут. Тој вели дека неговата киселост ја менува pH вредноста на скалпот, што го отежнува формирањето на габите (причина за првут е габата Pityrosporum oval). Измешајте 1/4 чаша со еднаква количина вода и ставете во шише со спреј. Прскајте на скалпот, завиткајте ја главата во пешкир и оставете 15 минути до еден час. Потоа измијте ја косата. Повторете го ова двапати неделно.
Го чисти лицето од акни
Јаболков оцет е природен тоник што ќе ви ја исчисти кожата од акни и ќе ѝ помогне да биде поздрава. Неговите антибактериски својства помагаат акните да се држат подалеку од лицето. Покрај тоа, киселините од оцетот ја омекнуваат кожата, ги отстрануваат мртвите клетки (имаат ексфолирачки ефект), ги намалуваат црвените дамки и ја балансираат pH вредноста на кожата.

Намалува грчеви во нозете

Јаболковиот оцет е идеален за олеснување на ноќните грчеви во нозете затоа што содржи калиум, а грчевите се јавуваат токму заради ниското ниво на тој минерал во организмот. Измешајте 2 лажички јаболков оцет и лажичка мед во чаша топла вода и пијте го.

Ги избелува забите
Жабуркањето јаболков оцет во устата помага да се отстранат дамките од забите и со тоа да се избелат. Откако ќе ја исплакнете устата со оцет, четкајте ги забите како и обично.

Го контролира шеќерот во крвта
Неколку студии покажаа дека постои врска помеѓу конзумирање на јаболков оцет и контролирање на нивото на шеќер во крвта. Во една студија, на луѓе со дијабетес тип 2 кои не земале инсулин, пред спиење им биле дадени две лажички јаболков оцет. До утрото, нивото на гликоза се намалило.